2 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПоради суспензија Џонс нема да настапи во Скопје

Поради суспензија Џонс нема да настапи во Скопје

Европската фудбалска унија (УЕФА) казни двајца играчи на Манчестер Јунајтед поради инцидентот по завршувањето на финалниот меч во Лига Европа, кој „црвените ѓаволи“ го одиграа во мај против Ајакс.

Фил Џонс доби суспензија на два натпревари и парична казна од 5.000 евра бидејќи вербално го нападнал службеникот задолжен за допинг контролата.

Дејли Блинд ќе плати парична казна од 5.000 евра бидејќи, како што наведе УЕФА, ги прекршил антидопинг правилата, а Манчестер Јунајтед поради инцидентите на овие играчи е парично казнет со 10.000 евра.

Како што објавија британските медиуми, Џонс бил лут на службеникот задолжен за спроведување на допинг контролата бидејќи, по натпреварот, не му дозволил да се фотографира со соиграчите кои држеле транспарент во чест на жртвите во нападот во Манчестер што се случи на 22 мај.

Јунајтед ја освои Лига Европа со победата над Ајакс од 2:0, а мечот во Стокхолм беше одигран два дена по терористичкиот напад во Манчестер, во кој загинаа 22 лица.

Џонс поради суспензијата нема да биде во тимот на дуелот со Реал, во Суперкуот на УЕФА кој на 8 август ќе се одигра во Скопје.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП