19 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНООлимпијадите во 2024-та и 2028-ма година ќе бидат во Париз и Лос...

Олимпијадите во 2024-та и 2028-ма година ќе бидат во Париз и Лос Анџелес

Лос Анџелес постигна договор со Меѓународниот олимписки комитет (МОК) за организација на Олимписките игри во 2028 година, што значи дека домаќин на летната Олимпијада во 2024 година ќе биде француската престолнина Париз.

МОК на седницата што ќе ја одржи во септември во Лима, Перу, само треба да потврди дека овие два града ќе бидат домаќини на ОИ во 2024 и 2028 година.

Претходно МОК ги одреди овие два града како единствени кандидати за организација на Игрите.

Париз последен пат бил домаќин на ОИ пред еден век, во 1924 година, а претходно ОИ во француската престолнина се одржале и во 1900 година.

Во минатото и Лос Анџелес двапати бил домаќин на најголемата спортска смотра, во 1932 и во 1980 година

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП