3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМатиќ официјално во Јунајтед, за трансферот ќе земе 40 милиони фунти

Матиќ официјално во Јунајтед, за трансферот ќе земе 40 милиони фунти

Досегашниот играч на Челзи, Немања Матиќ од денеска и официјално е нов член на Манчестер јунајтед. Клубот информираше дека Матиќ потпишал тригодишен договор, со можност за продолжување на соработката на уште една година.

Тој во новиот клуб ќе го носи дресот со бројот 31.

Клубот не ги објави финасиските детали на договорот, а британските медиуми наведуваат дека трансферот изнесува 40 милиони фунти.

„Мило ми е што дојдов во Јунајтед. Да се работи повторно со Жозе Мурињо е шанса која што не можев да ја одбијам“, изјави Матиќ за сајтот на Јунајтед.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП