Фудбалскиот клуб Баерн од Минхен соопшти дека за нов спортски директор е именуван некогашниот играч Хасан Салихамиџиќ.
Поранешниот репрезентативец на БиХ дресот на Баерн го носеше во периодот од 1998 до 2007 година. Со Баерн освои шест титули во Бундес лигата и една во Лигата на шампионите.
Салихамиџиќ за Баварците има одиграно 234 натпревари.