7 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗMcLaren подготвува нов хиперавтомобил

McLaren подготвува нов хиперавтомобил

Британскиот производител „McLaren“ развива нов хиперавтомобил која ќе комбинира огромна моќност и мала тежина. Автомобилот до голем степен ќе потсетува на моделот „P1 GTR“, но за разлика од него нема да има хибриден агрегат.

Како што објавија изданието „Autocar“, што се повикува на свои извори, тоа ќе биде најбрзиот автомобил во гамата на „McLaren“, за разлика од „P1 GTR“ (на сликите). Во моментов машината е позната по тајното име „P15“, но веројатно ова име ќе биде променето наскоро.

Под хаубата на „McLaren P15“ ќе биде ставен добро познатиот битурбо „V8“ мотор со зафатнина од 3,8 литри. И ако при хиперавтомобилот „P1“ овој мотор развива 727 КС, а кај новиот модел моќноста ќе биде 790 КС.

За споредба, вкупната моќност на хибридниот агрегат на „P1“ е 903 КС. Разликата во моќноста кај новиот модел ќе биде компензирана со мала тежина. Моделот на Британците тежи 1547 кг., но недостатокот на електромотор ќе му овозможи на „P15“ да биде со околу 250 кг. полесен.

Според податоците на „Autocar“, новиот хиперавтомобил ќе поминува ¼-милја за 10,2 секунди, а забрзувањето од 0 до 100 км/ч ќе трае 2,6 секунди. Моделот ќе добие големо задно антикрило, развиен преден сплитер, како и дополнителни активни аеродинамични елементи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП