7 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОАТП: Во големата „четворка“ нема место за Ѓоковиќ

АТП: Во големата „четворка“ нема место за Ѓоковиќ

По една деценија, Новак Ѓоковиќ не се наоѓа меѓу најдобрите четворица на АТП-листата. Покрај Мареј, Надал и Федерер, пред српскиот тенисер на најновата листа е и Стан Вавринка.

Србинот минатата недела објави дека поради повреда нема да игра до крајот на сезоната, загуби 1.000 поени, кои пред една година ги освои со победата на мастерс-турнирот во Торонто.

АТП на десетте најдобри:

1. Енди Мареј (Велика Британија) 7.750 бода
2. Рафаел Надал (Шпанија) 7.465
3. Роџер Федерер (Швајцарија) 6.545
4. Стан Вавринка (Швајцарија) 5.780
5. Новак Ѓоковиќ (Србија) 5.325
6. Марин Чилиќ (Хрватска) 5.155
7. Доминик Тим (Австрија) 4.065
8. Александар Зверев (Германија) 3.150
9. Кеи Нишикори (Јапонија) 3.140
10. Милош Раониќ (Канада) 3.130.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП