Манчестер Јунајтед е подготвен да упати сензационална понуда за играчот за врска на Барселона, Цеск Фабрегос. Според информациите од „островот“ двата клуба веќе стапиле во контакт и ги почнале првичните разговори за евентуален трансфер.
Фабрегас премина во Барса пред две години од Арсенал за сума од 35 милиони фунти. Каталонците на “топџиите” се уште им ја должат последната рата од 5 милиони од овој трансфер. Но Шпанецот некако не успеа да го покаже својот вистински потенцијал на „Камп Ноу“ и поради тоа често беше критикуван од приврзаниците на клубот. Па затоа сега од Барса имаат тенденција да се разделат со него за околу 20 милиони фунти.
Сепак во договорот на Цеск има клаузула дека Арсенал го задржува правото прв да има шанса да го откупи играчот доколку тој биде ставен на трансфер листата. Па ништо чудно и „топџиите“ да се обидат да си го вратат овој фудбалер, а за вакво нешто пред некое време навести и менаџерот Арсен Венгер.
„Мислам дека еден ден Фабрегас ќе се врати на „Емирати“, бидејќи тој вистински е поврзан за тимот. Знам дека тој го сака Арсенал и го гледа секој наш натпревар“, изјавил Венгер.