Бразилецот Нејмар е блиску до трансфер во ПСЖ, а според некои најави тој во вторник во Катар ќе се појави на медицинските прегледи, а потоа ќе потпише договор со францускиот тим.
Претседателот на ПСЖ Насер Ел Келаифи потврдил дека преговорите се во завршна фаза и дека 25-годишниот напаѓач наскоро ќе се пресели во француската престолнина.
„Преговорите околу трансферот на Нејмар напредуваат. Јас сум оптимист“, рекол Ел Келаифи.
Дека трансферот на Нејмар е пред реализација потврдува и информацијата дека веќе се започнати подготовките за спектакуларен пречек и официјално преставување на Бразилецот во дресот на ПСЖ.