26 јуни, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОГалинари го пропушта ЕП поради тепачка на натпревар (видео)

Галинари го пропушта ЕП поради тепачка на натпревар (видео)

Данило Галинари поради повреда, за која самиот е виновен, нема да настапи на Европското првенство во кошарка. Италијанскиот репрезентативец на пријателскиот меч со Холандија се степал со Јит Кок, а кога со тупаница го удрил противничкиот центар го скршил палецот на раката.

Инцидентот се случил во борба за позиција по изведувањето на слободните фрлања на еден италијански репрезентативец.

Двајцата играчи си размениле по неколку удари, а играчот на ЛА Клиперс, откако страстите се смириле заминал в болница на прегледи каде било констатирано дека има фрактура на палецот на раката, поради што нема да може да игра на Европското првенство.

Галинари кој ова лето од Денвер се пресели во ЛА Клиперс ќе биде подготвен за претсезонските натпревари и подготовките за новата НБА сезона.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП