18 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМарота: Дибала не е на продажба!

Марота: Дибала не е на продажба!

Генералниот менаџер на Јувентус, Бепе Марота, уште еднаш потврди дека клубот нема намера да го продаде напаѓачот Паоло Дибала.

Медиумите често го поврзуваат Дибала со трансфер во Барселона или Реал, но во Торино имаат намера да го задржат 23-годишниот фудбалер уште долго време.

„Паоло нема да биде продаден независно од тоа колкава сума ќе биде понудена. Веќе одбивме голем број понуди. Тој е среќен во клубот и додека е тоа така, ќе го носи дресот на Јувентус. Може да остане колку што сака“, рекол Мартоа.

Аргентинецот е член на Јувентус од 2015 година кога „старата дама“ на Палермо му плати 40 милиони евра. Дибала има договор со Јувентус до јуни 2022 година

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП