7 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНООдбиена тужбата на Антиќ против њујоршката полиција

Одбиена тужбата на Антиќ против њујоршката полиција

Американскиот судија ја одбил тужбата на Перо Антиќ против њујоршката полиција поврзана со инцидентот што се случи пред еден ноќен клуб во Њујорк во 2015 година.

Антиќ, кој тогаш беше играч на Атланта Хокс, заедно со соиграчот Табо Сефалоша, беше уапсен во инцидентот во кој со нож беше прободен тогашниот кошаркар на Индијана Пејсерс, Крис Коупленд.

Антиќ и Сефалоша во април минатата година поднесоа тужба против њујоршката полиција. Двајцата наведоа дека за време на апсењето полицијата употребила прекумерна сила.

Антиќ во тужбата бараше обесштетување од 25 милиони долари.

Во судските документи се наведува дека судијата одлучил дека полицаецот не употребил прекумерна сила бидејќи „морал да донесе одлука во тој момент и неговото однесување не било неразбирливо“.

Инаку, Сефалоша, пред нешто повеќе од четири месеци ја доби тужбата, односно тој доби четири милиони долари. Во случајот на Сефалоша судот пресудил во корист на кошаркарот бидејќи тој по апсењето, имал видливи повреди.

Инаку, набргу по инцидентот во Њујорк, Антиќ ја напушти Атланта и се пресели во екипата на Фенербахче.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП