Шкендија успеа да избори активен резултат во пресрет на реваншот против Тракаи, во третото претколо во Лига Европа. Активни резултати и шанса за пласман во плејофот имаат и останатите тимови од поранешна Југославија (Осијек, Хајдук, Динамо Загреб, Домажале, Црвена звезда).
Шкендија загуби во Литванија од Тракаи со 2:1, иако половина беше со двајца фудбалери помалку на теренот.
Максимов постигна два гола за Тракаи, а Жуниор беше стрелец за Шкендија. Бразилецот во 57.минута доби директен црвен картон, а пет минути подоцна поради вториот жолт картон играта мораше да ја напушти Цуцули.
Осијек го направи најголемото изненадување откако успеа да слави во Ајндховен против ПСВ. Баришиќ во 57.минута го постигна единствениот гол на мечот.
Хајудк гостуваше во Данска и против Брондби одигра натпревар без голови.
Динамо во Загреб оствари победа од 2:1 против Од Гренланд. Норвежаните водеа со голот на Младеновиќ во 20.минута, но до крајот на полувремето Хоџиќ и Фернандез направија целосен пресврт.
Црвена звезда стекна значајна предност против Спарта пред реваншот во Прага. „Црвено-белите“, славеа со головите на Боачи во првото и Канга во второто полувреме.
Домжале реваншот на домашен терен против Фрајбург ќе го започне со негатива 0:1. Петерсен го постигна единствениот гол на мечот по 20 минути игра, а истиот играч четири минути подоцна не успеа да реализира пенал.
Реваншите од третото претколо во Лига Европа ќе се одиграат на 3.август.