ПочетнаИНТЕРЕСНОФранција пресилна за нашите млади ракометари

Франција пресилна за нашите млади ракометари

Младата ракометна репрезентација на Македонија не успеа да избори пласман во полуфиналето на Светското првенство во Алжир. Бранителот на титулата Франција беше пресилен противник за Македонија во оваа фаза на турнирот и славеше со 33:16 (14:9).

Заморот и квалитетот на противникот беа преголем залак за младата македонска репрезентација во четвртфиналето на Мундијалот во Алжир.

Фрнација ја покажа класата, иако Македонија барем во првиот дел се обидуваше да го држи ритамот кој го наметна противникот.

Сепак заморот го направи своето и Французите, чија победа Македонија не ја оспори во ниту еден момент, во последните 15 минути стигнаа до убедлива победа.

Македонија до крајот на првенството ќе разигрува за пласман од петтото до осмото место.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП