2 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОВенгер ги сака Бејл или Бензема, доколку замине Санчез

Венгер ги сака Бејл или Бензема, доколку замине Санчез

Арсен Венгер е соочен со реалноста дека во текот на преодниот рок ќе остане без Алексис Санчез поради што веќе ја започнал потрагата по крилен напаѓач.

Најголема желба на Венгер е играчот на мадридски Реал, Герет Бејл. Иако во овој преоден рок Велшанецот не се поврзуваше со ниту еден тим, не е невозможно „кралскиот клуб“ да се реши да го продаде најмогу поради неговото лошо здравје. Бејл изминатата сезона повеќе се лекуваше од повредите отколку што беше на теренот.

Она што може да биде непрепостлива пречка за евентуален фактор е фактот дека Бејл во минатото играше во Тотенхем, најголемиот ривал на Арсенал.

Шпанските медиуми исто така шпекулираат дека не е невозможно Бејл да замине во Манчестер јунајтед, но тоа ќе зависи од трансферот на Килијан Мбапе во Реал. Доколку мадриѓаните успеат да го донесат 18-годишниот напаѓач, тогаш е веројатно дека еден од двајцата напаѓачи, Бејл или Карим Бензема, ќе може да го напуштат „Сантијаго Бернабеу“.

Инаку, и Бензема е долгогодишна неостварена желба на Венгер.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП