18 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЛЕ: Шкендија ќе гостува кај Тракаи

ЛЕ: Шкендија ќе гостува кај Тракаи

Фудбалерите на Шкендија вечерва во Литвнија ќе го одиграат првиот натпревар од третото претколо во Лига Европа. Противник на македонскиот вицепрвак ќе биде Тракаи, тим кој во претходната рунда го елиминира шведски Норчепинг.

Шкендија ќе се обиде да го нападне Тракаи и да избори резултат кој ќе ѝ овозможи мирен реванш. Офанзивниот пристап го најавија тренерот Ќатип Османи и капитенот на тимот, Ферхан Хасани.

Инаку, натпреварот, поради повреда, ќе го пропушти Штефан Вујчиќ, а за место во тимот ќе конкурираат Мевљан Мурати и Стенио Жуниор.

Дуелот во Литванија ќе започне во 18.30 часот, а ќе судат арбитри од Република Ирска.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП