28 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСити убедлив против Реал, Барса минимално со Јунајтед, Јуве славеше над ПСЖ...

Сити убедлив против Реал, Барса минимално со Јунајтед, Јуве славеше над ПСЖ (видео)

Манчестер Сити го победи Реал, Јувентус во драматичен финиш славеше над ПСЖ, а Барселона го совлада Манчестер Јунајтед во контролните натпревари кои изминатата ноќ се одиграа на северноамериканскиот континент.

Манчестер Сити во второто полувреме го декласира Реал победувајќи со 4:1. Серијата голови на натпреварот што се одигра во Лос Анџелес ја отвори Отаменди во 52. минута, седум минути подоцна Стерлинг зголеми на 2:0.

Сити, откако Зидан по еден час игра го замени целиот тим, постигна уште два гола преку Стоун и Дијаз. Почесниот гол Реал го постигна преку Оскар во 90. минута.

Еден гол го реши победникот на натпреварот помеѓу Барселона и Манчестер Јунајтед. Стрелец на голот беше Нејмар во 31. минута.

Јувентус на Флорида запиша победа над ПСЖ. Клаудио Маркизио постигна два гола во второто полувреме за „старата дама“. Неговиот втор гол во 89. минута од пенал му ја донесе победата на Јувентус.

Претходно Јувентус поведе со голот на Игуаин постигнат во финишот на првиот дел, потоа израмни Гуедес во 53. минута, предноста на италијанскиот првак му ја врати Маркизио девет минути подоцна, а второто израмнување на мечот го донесе Пасторе, кој погоди во 80. минута.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП