25 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЕвропскиот првак стартува со подготовките

Европскиот првак стартува со подготовките

Европскиот првак Вардар денеска ги почнува подготовките за новата сезона во која ќе ја брани европската титула.

Ракометарите најпрвин ќе имаат индивидуални лекарски прегледи, а заедничкиот тренинг е планиран за 17 часот, во големата сала во СЦ „Јане Сандански”. До 3 август тие ќе тренираат во Скопје, а потоа екипата заминува на подготовки во Словенија.

Сезонава нов играч е Даинис Кристопанс, кој игра на позицијата десен бек, а со тимот ќе тренираат и дел од ракометарите од вториот тим.

На 11 август екипата заминува за Германија и таму ќе го има првиот пријателски натпревар, против тимот на Бергишер.

Следниот ден Вардар ќе игра на турнир на Гумерзбах, на 12 август во полуфиналето Вардар ќе игра против Рајн Некар од 17 часот. Следниот ден е натпреварот за пласман.

На крајот од август, од 24 до 29 август, европскиот првак ќе игра во Катар на Супер глоуб, неофицијалното ракометно клупско СП.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП