27 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСе чека на Ливерпул за трансферот на Кутињо во Барса

Се чека на Ливерпул за трансферот на Кутињо во Барса

Барселона ги договорила личните услови на Фелипе Кутињо за негов трансфер на „Камп Ноу“, но Ливерпул сè уште не е согласен да продаде еден од своите најдобри фудбалери.

Шпанското радио РАЦ1 (RAC1) тврди дека Бразилецот е подготвен да го облече дресот на Барселона и да ја исполни својата судбина.

Според шпакулациите, Ливерпул ја одбил понудата на Барселона од 75 милиони евра што Каталонците ја испратиле минатата недела. Очекувањата се дека челниците на „блауграна“ наскоро ќе испратат нова понуда за Бразилецот.

Весникот „Мундо Депортиво“ тврди дека челните луѓе на Барселона се во Ливерпул, каде што се обидуваат да го комплетираат трансферот. Доколку замине Фелипе Кутињо, менаџерот на „црвените“, Јирген Клоп, ќе остане без клучниот фудбалер во тимот, но ќе добие огромни сретства за нови засилувања.

Кутињо минатата година го продолжи договорот со Ливерпул до јуни 2022 година. Стручниот штаб во Кутињо гледа наследник на Андрес Иниеста во формацијата 4-3-3.

Изминатите денови шпанската јавност шпекулира дека Фелипе Кутињо е еден од двајцата Бразилци, вториот е Паулињо, кои Барселона се обидува да ги донесе во тимот со што би го осигурала престојот на Нејмар на „Камп Ноу“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП