3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОГС со истиот тим ќе ја брани титулата

ГС со истиот тим ќе ја брани титулата

Челниците на актуелниот шампион во НБА лигата, Голден Стејт Вориорс, објавија дека официјално ги продолжија договорите со Стеф Кари, Кевин Дурент, Андре Игудала, Шон Ливингстон, Заза Пачулија и Дејвид Вест. Овие кошаркари имаа статус на слободни агенти.

Иако финансиските детали од договорите клубот не ги соопшти, американските медиуми објавија дека Кари потпишал петгодишен договор за 201 милиони долари, Дурент во наредните две години ќе заработи 53 милиони долари, Игудала за три години ќе добие 48 милиони долари, а Ливингстон потпишал на три години за 24 милиони евра.

Останатите двајца Пачулија и Вест соработката ја продолжиле на една година, за сума од 3,5 милиони долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП