18 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМарка: Реал го купува Мбапе за 180 милиони евра!

Марка: Реал го купува Мбапе за 180 милиони евра!

Реал Мадрид и Монако постигнале договор за трансферот на Килијан Мбапе. „Марка“ објави дека европскиот првак за тинејџерот ќе плати 180 милиони евра.

Весникот „Марка“ секогаш е веродостоен извор кога се во прашање информациите поврзани со Реал. На својата интернет-страница објави дека „кралскиот клуб“ на Монако ќе му плати сума помеѓу 150 и 160 милиони евра, а остатокот ќе зависи од настапите на Мбапе во дресот на Реал.

Истиот извор наведува дека 18-годишниот напаѓач со Реал ќе потпише шестгодишен договор според кој неделно ќе заработува 135.000 евра.

Овој трансфер ќе биде најскап во историјата на фудбалот, односно Мбапе ќе го собори актуелниот рекорд на Пол Погба. Минатото лето Манчестер јунајтед на Јувентус за Погба му плати 105 милиони евра.

Килијан Мбапе зад себе има брилијантна сезона, на 59 натпревари за Монако постигна 27 гола (шест во Лигата на шампионите) и забележа 17 асистенции.

Реал во овој преоден рок ги продаде Алваро Мората, Данило, Маријано Дијаз, Дијего Љоренте и Гургуи, а Хамес Родригез го испрати на заем во Баерн и заработи 122 милиона евра.

Во клубот дојдоа Тео Ернандез за 30 и Дани Себаљос за 17 милиони евра.

Од друга страна, Монако веќе заработи 167,5 милиони евра од трансферите на Бенјамин Менси, Бернанрдо Силва, Тиемуе Бакајоко, Валер Жермен, Абду Дијало и Карантан Жан, а на засилувања (Јури Тилеманс, Теренс Канголо, Суалихо Меите, Жарди Мбула, Дијего Бенаљо и Жорди Гаспар) потроши 51 милион евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП