Дерик Роуз договори едногодишна соработка со Кливленд Кавалирс, каде што соиграч ќе му биде Леброн Џејмс. Роуз во Кливленд ќе заработи 2,1 милиона долари.
Најмладиот МВП во историјата на НБА-лигата минатата сезона играше во Њујорк каде што имаше просек од 18 поени и 4,4 асистенции од натпревар.
Роуз доаѓа во Кливленд неколку дена по објавата на Кајри Ирвинг дека побара од клубот да биде трејдуван.
Дерик Роуз во 2011 година, како играч на Чикаго Булс, беше прогласен за МВП на сезоната, но не успеа да оставри поголеми успеси поради константната повреда на коленото.
Интересно, играчите што ја освојвале МВП-титулата во периодот од 2009 до 2016 година наредната сезона ќе играат во два тима, Стеф Кари и Кевин Дурент во Голден стејт, а Леброн Џејмс и Дерик Роуз во Кливленд. Актуелен МВП е Расел Вестбрук од Оклахома тандер