18 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБернардески oфицијално е играч на Јувентус

Бернардески oфицијално е играч на Јувентус

Федерико Бернардески (23) успешно ги мина лекарските прегледи и потпиша петгодишен договор со Јувентус.

Актуелниот италијански шампион издвои 40 милиони евра за трансферот, а како што соопшти, парите на Фиорентина ќе ѝ бидат исплатени во наредните 36 месеци.

Бернардески е дете на Фиорентина, а за првиот тим настапуваше изминатите четири години. За Фиорентина одигра 93 натпревари и успеа да постигне 23 гола.

Со доаѓањеот на Бернардески, Јувентус во преодниот рок потроши 157 милиони евра. Претходно Јуве потпиша договори со голманот Шчесни, односно со Даглас Коста, Де Шиљо и Бетанкур, а ги откупи договорите на Бенатија и Квадрадо.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП