ПочетнаИНТЕРЕСНОДомаќинот ќе биде противник во осминафиналето на младите ракометари

Домаќинот ќе биде противник во осминафиналето на младите ракометари

Младата македонска репрезентација на Македонија успешно ја мина првата фаза од Светското првенство во Алжир. Избраниците на селекторот Илија Темелковски, во последниот меч во Ц групата, славеа над Бразил 28:23.

Ракометните надежи успешно одговорија на предизвикот, им требаше бод за пласман во осминафиналето, а тие го совлада Бразил и го освоија второто место во Ц групата, зад неприкосновената Шпанија, која со пет победи го заврши овој круг од Мундијалот.

Македонија со зрела, одговорна и пожртвувана игра успеа да излезе на крај со Бразилците. Капитенот Талески со седум и Велковски со шест гола беа најефикасни во победата на Македонија.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП