17 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЈунајтед победи на пенали против Реал во загревањето за Суперкупот (видео)

Јунајтед победи на пенали против Реал во загревањето за Суперкупот (видео)

Манчестер јунајтед и Реал Мадрид, кои на 8 август во Скопје ќе се борат за трофејот во Суперкупот на УЕФА, изминатата ноќ во САД, во Санта Клара, одиграа контролен меч кој „црвените ѓаволи“ го добија по изведувањето пенали.

Натпреварот кој се одигра во рамките на Интерконтиненталниот куп на шампионите заврши без победник 1:1, а потоа Јунајтед победи по изведувањето на пенали 2:1.

Дуелот во Санта Клара не ги задоволи 65.000 гледачи на стадионот и милионскиот аудиториум крај телевизиските екрани.

По мечот, повеќе причина за задоволство може да има Зинедин Зидан бидејќи во второто полувреме со неколкумина играчи од младинскиот тим успеа да постигне гол против Јунајтед, во чии редови во вториот дел играа Де Хеа, Лукаку, Погба…

Инаку, Јунајтед постигна гол во 45 минута преку Лингард. На голот му претходеше брлијантната соло акција на Марсијал. Реал израмни од пенал во 69. минута, а голот го постигна Каземиро.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП