3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСити го купи Данило од Реал

Сити го купи Данило од Реал

Бразилецот Данило е нов десен бек на Манчестер Сити откако во неделата потпиша петгодишен договор со екипата која ја предводи Пеп Гвардиола.

„Неколку клубови покажаа сериозен интерес, но јас секогаш сум сакал да играм за тренерот Гвардиола. Кога дознав дека Сити ме сака во своите редови веднаш решив да дојдам тука“, рекол 26-годишниот фудбалер.

Финансиските детали од трансферот Сити не ги соопшти.

Данило е поранешен играч на Порто и Реал, со „кралскиот клуб“ тој освои две титули во Лигата на шампионите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП