Македонскиот шампион Вардар дуелот од третото квалификациско коло во Лигата на шампионите против дански Копенхаген ќе го игра на националната арена „Филип Втори“.
Вардар не беше во можност да го игра реваншот против Малме во Скопје поради одлуката на УЕФА на „Филип Втори“ да нема натпревари до 8 август кога ќе се игра Суперкупот помеѓу Реал и Манчестер јунајтед.
УЕФА реши да го смени ставот бидејќи на мечот со Малме беа забележани низа пропусти. Од европската куќа на фудбалот најдоа компромисно решение, па Вардар иако првиот меч требаше да го игра во Данска, ќе биде домаќин на 25 јули.