3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИВирусот Petya ќе влијае на годишните финансиски резултати на FedEx

Вирусот Petya ќе влијае на годишните финансиски резултати на FedEx

Курирската компанија „FedEx“ изјави дека проблемите со системите на нејзината единица „TNT Express“ која беше погодена од голем сајбер напат во текот на овој месец ќе влијаат негативно на нејзините годишни резултати, пренесува „Ројтерс“.

Како резултат на коментарот акциите на компанијата ја намалија својата вредност со 3,4% до 211,53 долари за готовина за време на раната трговија во понеделникот. Ова се случи откако компанијата објасни дека финансиското влијание на проблемот врз резултатите најверојатно ќе биде „суштински“.

Единицата базирана во Холандија, „TNT Express“, сеуште се бори со забавување на услугите по нападот од вирусот „Petya“ кој бил распространет преку украински даночен софтверски производ, објави „FexEx“.

Компанијата тврди дека загубила приходи поради нападот на „TNT Express“ и дополнителните трошоци во врска со непредвидените ситуации и обновата на засегнатите системи.

Компанијата тврди дека нема осигурување, која ќе го покрие влијанието на сајбер нападите.

„FedEx“, која го проценува финансиското влијание на сајбер нападите, изјави дека не успеала да процени кога услугите на „TNT Express“ ќе бидат целосно обновени. Освен тоа посочи дека не се извршени откритија во трети земји, ниту тие имаат изгубено податоци на 17-ти јули.

Вирусот „Petya“ се шири побрзо од Украина во јуни, влијае врз илјадници компјутери низ целиот свет, а индустријата за снабдување и логистика беше меѓу најпогодените.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП