Италијанскиот фудбалер Матија де Шиљо го напуштил тренинг-кампот на Милан во Кина за да се врати во Италија каде ќе потпише договор со Јувентус.
Милан за 25-годишниот дефанзивец како отштета ќе добие 10 милиони евра. Де Шиљо е замена за Дани Алвеш, кој по една сезона го напушти Јувентус и се пресели во ПСЖ.
Трансферот на Де Шиљо е втор во последните неколку дена на релација Милан-Јувентус. Претходно дефанзивецот Леонардо Бонучи за сума од 40 милиони евра го засили Милан.
Матија де Шиљо во Јувентус доаѓа на инсистирање на тренерот Масимилијано Алегри, во чиј мандат, во минатото, дебитираше за првиот тим на Милан.
За италијанската репрезентација Де Шиљо има одиграно 31 натпревар.