7 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПол Пирс ќе ја заврши кариерата во Бостон

Пол Пирс ќе ја заврши кариерата во Бостон

Бостон Селтикс објави дека договориле соработка со Пол Пирс. Тој кариерата ќе ја заврши во Бостон, тим во кој мина 15 години.

„Голема чест ни преставува фактот дека Пол одбра да се пензионира во дресот на Селтикс. Тој е еден од најдобрите во историјата на франшизата, на теренот и надвор од него“, стои во клупското соопштение.

Пирс самиот истакнал дека воопшто немал дилема каде ќе ја заврши кариерата.

Пол Пирс со Бостон во 2008 година ја освои шампионската титула и беше прогласен за МВП на финалната серија.

Покрај Бостон, Пирс има настапувано за Вашингтон, Бруклин и ЛА Клиперс. Во кариерата има просек од 19,7 поени, 5,6 скока и 3,5 асистенции по натпревар.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП