ПСЖ има намера да ги урне сите трансфер рекорди откако е подготвен на Барселона да ѝ плати 222 милиони евра за Бразилецот Нејмар. Доколку информацијата е точна, трансферот во Париз ќе зависи само од Нејмар.
Шпанските медиуми пред неколку денови објавија дека членови на семејството го советувале Нејмар да ја напушти Барселона за да излезе од „сенката на Меси“.
Нивното мислење е дека Нејмар не може да биде конкурентен и да освојува индивидуални награди сè додека игра во ист тим со аргентинскиот ас.
Нејмар (25) има договор со Барселона до јуни 2021 година, а ова не е првпат тој да се поврзува со трансфер во некоја друга екипа.
Бразилецот во 2013 година на „Ноу Камп“ пристигна од Сантос, а минатата сезона постигна 13 голови на 30 натпревари во првенството.