20 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИBlackRock забележа над 8% раст на тримесечната добивка

BlackRock забележа над 8% раст на тримесечната добивка

BlackRock, најголемата компанија во светот за управување со средства, забележа 8,6-процентно зголемување на тримесечниот профит, што во голема мера е потпомогнато од повисоките такси, соопшти „Ројтерс“.

Берзански тргуваните фондови (ETF) на „BlackRock“ освен тоа растат со рекордно темпо.

Компанијата сепак се обидува да ја реструктуира единица која се занимава со изборот на одредени акции во различни портфолија за да жнее успеси во сфера каде не се гледаат особено големи изгледи за раст, бидејќи инвеститорите се насочија кон фондови со пониски трошоци.

„BlackRock“ намалува некои такси, а неодамна лансираше нови обврзници „ETF“-и, за да привлече повеќе инвеститори кон производи од традиционалните должнички пазари.

Кон крајот на вториот квартал средствата со кои компанијата управува, изнесуваат 5,69 илјади милијарди долари. Растот на годишна основа изнесува 16%. За споредба, на крајот на март оваа година износот беше 4,89 илјада милијарди долари.

Нето добивката расте со 8,6 отсто до 857 милиони долари во периодот април-јуни.

Нето инвестиции во хартии од вредност со фиксен принос изнесуваат 42,92 милијарди долари.

Во понеделникот акциите на „BlackRock“ поевтинуваат на „Wall Street“ со 2,9%.

Од почетокот на годината акциите на компанијата поскапеле за 15%, посочува „CNBC“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП