27 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСе разделија Снајдер и Галатасарај

Се разделија Снајдер и Галатасарај

Холандскиот фудбалер Весли Снајдер по три и пол години го напушти Галатасарај, соопшти турскиот клуб.

Снајдер во Галатасарај пристигна во јануари 2013 година. За турскиот великан, во првенството одигра 122 натпревари и постигна 35 голови. Со Галата, Холанѓанецот освои два трофеи.

Снајдер во октомври 2015 година потпиша нов тригодишен договор, но клубот во актуелниот преоден рок му дозволи да си замине.

За услугите на Снајдер, според медиумските шпекулации, интерес покажуваат неколку екипи од САД.

Снајдер (33) во кариерата играше за Ајакс, Реал и Интер. Тој има одиграно 131 натпревар за Холандија и е рекордер според бројот на настапите за националниот тим.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП