19 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗHyundai го покажа конкурентот на VW Golf GTI (фото+видео)

Hyundai го покажа конкурентот на VW Golf GTI (фото+видео)

Компанијата „Hyundai“ официјално ја претстави спортската верзија на хечбекот „i30“, која добила додаток „N“ кон името. Тоа е првиот автомобил од новиот „N“-спектар, под која ќе се нудат „надуени“ модели на корејскиот производител.

Возилото е опремено со 2,0-литарски бензиски турбомотор „T-GDI“ со директно вбризгување на горивото. Агрегатот ќе развива 250 КС, но при додавање на понудата како изборен пакет – „Performance Pack“ моќноста расте до 275 КС. И во двата случаја вртежниот момент е 352 Nm.

Моторот на „Hyundai i30 N“ се комбинира со 6-брзински мануелен менувач, а оваа комбинација овозможува забрзување од 0 до 100 км/ч за 6,2 секунди и развивање на максимална брзина од 250 км/ч. Погонот е на предните тркала.

Во опремата на хечбекот влегуваат активна суспензија, диференцијал со зголемено триење и електронско управување, активен издувен систем, „лаунч-контрол“ за брз старт од место и систем за стабилизација, кој може да се исклучува од возачот.

Автомобилот располага и со систем за измена на режимите на работа на електрониката со 4 фиксни варијанти – „Eco“, „Normal“, „Sport“ и „N“, како и со еден, кој може да се програмира индивидуално – „N Custom“. Во последниот случај возачот има можност да ги смени поставките на суспензијата, на управувањето, на системот за стабилизација и на диференцијалот. Самите режими се менуваат со копчиња на воланот.

Развој на моделот е дело на поранешниот главен инженер на единицата „BMW M GmbH“, Алберт Бирман, кој се приклучи на „Hyundai“ во 2014-та година. За време на тестовите возилото мина повеќе од 10.000 км на патеката „Нирбургринг“, каде Корејците имаат свој истражувачки центар.

Од компанијата-произвозител го одредуваат „Hyundai i30 N“ како директен конкурент на „Volkswagen GTI“ и „Peugeot 308 GТi“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП