3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМарин Чилиќ против Федерер во финалето на Вимблдон

Марин Чилиќ против Федерер во финалето на Вимблдон

Хрватскиот тенисер Марин Чилиќ е финалист на 131-то издание на гренд слемот во Вимблдон. Чилиќ во полуфиналето го победи Сем Квери од САД со 3:1 (6:7, 6:4, 7:6, 7:5).

Марин Чилиќ втор пат ќе игра финале на еден гренд слем турнир и ќе се обиде в недела да ја освои втората титула во кариерата. Хрватот пред три години ја освои титулата на УС Опен, тогаш во финалето го победи Кеи Нишикори со 6:3, 6:3, 6:3.

Исто така Чилиќ е вториот хрватски тенисер кој стигнал до финалето на Вимблдон, пред него Горан Иванишевиќ играше четири финалиња и освои една титула.

Чилиќ во финалето, кое на програмата е в недела, ќе игра против Роџер Федерер.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП