21 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОФедерер се пласираше на 11-то финале на Вимблдон

Федерер се пласираше на 11-то финале на Вимблдон

Роџер Федерер се пласира во своето 11-то финале на Вимблдон, каде ќе се бори за рекордната осма титула на овој турнир и рекордна 19-та на гренд слем турнирите.

Федерер, во второто полуфинале, успеа да го совлада Томаш Бердих од Чешка за два часа и 16 минути со 7:6, 7:6, 6:4.

Чехот успеа против Федерер да избори два тај брејка, но токму во првите два сета Швајцарецот ја покажа менталната надмоќ.

Во третиот сет решавачкиот момент се случи при резултат 3:3 кога Берих не успеа да реализира две брејк топки. Потоа, како многу пати во кариерата Бердих доживеа психолошки пад, Федерер тоа го искористи направи брејк во деветтиот гем, а потоа без рутински го заврши мечот.

Федерер на Вимблдон има освоено седум титули, последната во 2012 година. Во меѓувреме два пати играше во финалето, во 2014 и 2016 година, но и во двете загуби од Новак Ѓоковиќ.

Федерер во финалето, кое на програмата е в недела, ќе игра против Марин Чилиќ кој во четири сета го победи Американецот Сем Квери.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП