6 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЛЕ: Шкендија и Работнички дознаа кои ќе им бидат противници во третото...

ЛЕ: Шкендија и Работнички дознаа кои ќе им бидат противници во третото коло

Фудбалерите на Шкендија и Работнички ги дознаа имињата на ривалите со кои ќе се соочат доколку изборат пласман во третото квалификациско коло во Лига Европа.

Шкендија е блиску до пласман во третото коло откако во вторникот во првиот меч од втората рунда стекна предност од 3:1 над Хелсинки. Противник на Шкендија во третото коло ќе биде Норчепинг (Шведска) или Тракаи (Литванија). По првиот меч Норчепинг има предност од 2:1.

Работнички ремизираше во првиот меч против Динамо 1:1, па шансите за пласман во третото коло ќе ги бара наредниот четврток во Минск.

Доколку „романтиарите“ го минат Динамо Минск во третата рунда за противник ќе го имаат Корк Сити (Ирска) или АЕК Ларнака (Кипар). Кипарскиот тим, во чии редови настапуваат Данијел Мојсов и Иван Тричковски, по првиот меч во Ирска има предност од 0:1.

Првите натпревари од третото коло ќе се играат на 27 јули, а реваншите се на програмата на 3 август.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП