26 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЛШ: Доколку Вардар го мине Малме, следен противник му е Копенхаген

ЛШ: Доколку Вардар го мине Малме, следен противник му е Копенхаген

Доколку успее да го мине Малме, а има реални шанси, македонскиот шампион Вардар во третото квалификациско коло во Лигата на шампионите ќе игра против Копенхаген.

Вардар по првиот меч во Малме има резултат 1:1 и во реваншот му е потребна каква било победа или нерешен резултат без голови за да ја мине втората фаза.

Ако го елиминира Малме, пред Вардар ќе стои данскиот првак Копенхаген, кој во првиот меч како гостин славеше над словачка Жилина (1:3).

Копенхаген минатата сезона успеа да стигне и до фазата по групи во Лигата на шампионите каде се прикажа во одлично светло.

Данскиот шампион во група со Лестер, Порто и Бриж заврши на третото место со девет освоени бодови, односно забележа две победи, трипати играше нерешено и загуби на само еден меч.

Двојки за третото квалификациско коло во ЛШ:

Првите натпревари од третата квалификациска рунда ќе се одиграат на 25 и 26 јули, а реваншите ќе бидат на програмата на 1 и 2август. Ако се пласира понатаму, Вардар во првиот меч ќе му гостува на Копенхаген.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП