4 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНООфицијално: Дани Себаљос потпиша за Реал Мадрид

Официјално: Дани Себаљос потпиша за Реал Мадрид

Младиот фудбалски репрезентативец на Шпанија, Дани Себаљос, е третото засилување за европскиот првак Реал Мадрид, откако претходно на „Сантијаго Бернабеу“ пристигнаа Тео Фернандес и Хесус Ваљехо.

Реал на својата официјална интернет страница потврди дека со Бетис го договорил трансферот на Дани Себаљос, кој со клубот ќе потпише шестгодишен договор.

„Кралскиот клуб“ информира дека младиот шпански репрезентативец ќе биде официјално претставен како нов играч на клубот на 20.јули во 13 часот. Ден подоцна тој со новите соиграчи ќе замине на подготвителната турнеја во САД.

Реал за трансферот на Себаљос ќе издвои 18 милиони евра.

Дани Себаљос на неодамна завршеното Европско првенство за играчи до 21 година, на кое Шпанија го освои второто место, беше прогласен за најдобар играч.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП