21 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСемедо ќе ја чини Барселона 35 милиони евра

Семедо ќе ја чини Барселона 35 милиони евра

Играчот на Бенфика Нелсон Семедо за сума од 35 милиони евра ќе го засили тимот на Барселона.

Спортскиот директор на Барселона Роберт Фернандез и членот на раководството на Бенфика Хавиер Бродас, во четвртокот вечерта, го финализираа трансферот на 23-годишниот десен бек.

Семедо претходно ги договори личните услови со Барселона, која трансферот ќе го официјализира денес кога Португалецот ќе ги мине лекарските прегледи.

Нелсон Семедо кариерата ја започна во Синтренсе, играл како позајмен во Фатима, а минатата сезона одиграл 42 натпревари за Бенфика.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП