5 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОКајл Вокер - најскапиот дефанзивец во историјата на фудбалот

Кајл Вокер – најскапиот дефанзивец во историјата на фудбалот

Десниот бек на англиската репрезентација, Кајл Вокер, денес треба да го официјализира трансферот од Тотенхем во Манчестер Сити. „Граѓаните“ на Тотенхем ќе му платат сума од 50 милиони фунти, што значи дека Вокер ќе стане најскапиот дефанзивец во историјата на фудбалот.

Манчестер Сити долго преговараше со Тотенхем околу трансферот на Вокер, а преговорите ги интензивираше на почетокот на оваа недела кога стана јасно дека Дани Алвес ќе замине во ПСЖ.

Вокер, барем засега, е единствениот десен бек во тимот на Сити, откако менаџерот Пеп Гвардиола им дозволи на Гаел Клиши, Пабло Забалета и Бакари Сања да заминат.

На крајот од сага Сити се согласи да плати 50 милиони фунти за Вокер, кој стана најскапиот дефанзивец во историјата на фудбалот. Претходниот рекорд беше во сопственост на неговиот нов соиграч Џон Стонс, кој лани од Евертон пристигна во Сити за 48 милиони фунти.

Инаку, пет милиони фунти од овој трансфер ќе заработи поранешниот клуб на 27-годишниот Вокер, Шефилд јунајтед.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП