8 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРаботнички остана непоразен против Динамо Минск

Работнички остана непоразен против Динамо Минск

Работнички одигра 1:1 (0:0) против Динамо Минск во првиот натпревар од второто квалификациско коло во Лига Европа. „Романтичарите“ пред реваншот имаат активен резултат, благодарение на голот кој од пенал го постигна Најденов во 90.минута.

Работнички не успеа да го оствари првичниот план и без примен гол да патува во Минс на ревваншот против Динамо, но со играч помалку успеа да се спаси од пораз против белорускиот тим.

Белорусите во најголемиот дел од натпреварот ја контролираа играта, иако Работнички прв се закани упте во втората минута преку Сахити.

Динамо потоа имаше три убави шанси за гол, но Шишковски не дозволи да биде совладан. Голманот на Работнички во 10.минута беше поуспешен од Квашчински во ситуација „еден на еден“, две минути подоцна Шишковски повторно излезе како победник во дуелот со напаѓачот на Динамо, а во 15.минута го одбрани и ударот на Сарока.

Последните 15 минути од првиот дел му припаднаа на Работнички, кога играчите на Треневски покажаа малку повеќе решителност во нападот.

Најпрвин ирскиот судија Хантер не досуди пенал по карате стартот на голманот Климовиќ врз Херера, а потоа два пати се обиде Сахити, една директно од корнер, а вториот пат во 39.минута неговиот удар го одбрани белорускиот голман.

Белорусите го отворија резултатот во раната фаза од второто полувреме, во 53.минута Квашчински со глава го совлада Шишковски.

Потоа играчите на Динамо се повлекоа и им ја препуштија играата на домаќините, но Работнички тешко стигнуваше до голот на Климович.

На десет минути пред крајот Работнички остана со играч помалку поради црвениот картон кој го доби Емир Сахити.

Но и со играч помалку Работнички не се откажа и успеа да израмни во последната минута од пенал. Кадриу по еден контакт со Кузменок заврши на тревата, а ирскиот судија досуди пенал.

Најденов беше сигурен реализатор.

Реваншот по кој ќе биде познат патникот во третото квалификациско коло ќе се одигра во Минска наредниот четврток.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП