5 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОХет-трик на Ибраими: Шкендија со убава предност за реваншот

Хет-трик на Ибраими: Шкендија со убава предност за реваншот

Екипата на Шкендија направо голем чекор кон пласманот во третото квалификациско коло во Лига Европа, откако во Струмица, го победи Хелсинки со 3:1.„Хет-трик“ на натпреварот постигна репрезентативецот Бесарт Ибраими.

Шкендија со пресврт успеа да оствари предност која и гарантира мирен реванш во Финска.

Хелнсинки го отвори резултатот во 35.минута преку Усман Јалоу, кој ја искористи бавната реакција на дефанзивците на Шкендија.

Шкендија израмни во последната минута со голот на Ибраими, кој од пенал го совлада финскиот голман.

Во второто полувреме Ибраими постигна уште два гола во 59. и 64.минута, со кои ги постави конечните 3:1.

Реваншот во Хелсинки ќе се одигра наредниот четврток.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП