ПочетнаИНТЕРЕСНОАлиоски наредните четири години во дресот на Лидс Јунајтед

Алиоски наредните четири години во дресот на Лидс Јунајтед

Репрезентативецот на Македонија, Езџан Алиоски наредните четири години ќе го носи дресот на Лидс Јунајтед, потврди клубот на својата официјална интернет страница.

Алиоски во Лидс пристигна од швајцарскиот прволигаш Лугано за кого минатата сезона постигна 16 голови во првенството.

Алиоски во новиот клуб ќе го носи дресот со број 9.

Инаку, Лидс се натпреварува во Втората лига на Англија (Чемпионшип дивизија), а во новата сезона има амбиции да се врати во Премиерлигата.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП