5 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОНов селектор на Русија е Кокшаров, а Самсоненко ќе биде генерален менаџер

Нов селектор на Русија е Кокшаров, а Самсоненко ќе биде генерален менаџер

Успехот на ракометниот клуб Вардар и неуспехот кој во квалификациите за пласман на Европското првенство го доживеа машката ракометна репрезентација на Русија ги натера челниците на Ракометниот сојуз на оваа земја да направат радикални промени.

Имено, директорот на Вардар, Едуард Кокшаров, е поставен за нов селектор на Русија, додека сопственикот на „црвено-црните“, Сергеј Самосоненко, ќе биде генерален менаџер и координатор на руската машка ракометна репрезентација.

Главна цел пред тандемот на Вардар ќе биде Русија да избори пласман на Олимписките игри во Токио, во 2020 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП