3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМатиќ по секоја цена сака да замине од Челзи и да се...

Матиќ по секоја цена сака да замине од Челзи и да се пресели во Јунајтед

Немања Матиќ има желба да го напушти Челзи и да се пресели во Манчестер Јунајтед кај својот поранешен тренер Жозе Мурињо. Интерес за српскиот репрезентативец покажува и Интер.

Матиќ се поврзува со трансфер во Манчестер Јунајтед уште од почетокот на преодниот рок, кога Челзи покажа серизен интерес за Тиему Бакајоко од Монако.

Францускиот репрезентативец утрово пристигна на „Стенфорд Бриџ“, што значи дека Матиќ може да го напушти клубот. Англиските медиуми пишуваат дека Матиќ сака трансфер во Манчестер и дека поради тоа почнал да тренира сам, а не со главната група.

Пазарната вредност на српскиот репрезентативец, кој со Челзи има договор до јуни 2018 година, се проценува на 45 милиони евра

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП