7 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОВаленсија го продава Солдадо!

Валенсија го продава Солдадо!

roberto-soldado-no-quiere-abandonar-el-valencia_47631

Голгетерот на Валенсија Роберто Солдадо најверојатно ќе биде продаден по крајот на сезоната, a тоа се должи на финансиските проблеми кои ги има клубот. Ова го објави лично, 27-годишниот напаѓач, кој минатото лето го обнови договорот со „лилјаците“.

„Ја продолживме соработката со клубот минатата година со идејата да останам во Валенсија подолго време. Сепак во моментов ситуацијата е таква што нема ништо чудно ако бидам продаден во текот на летото, затоа што клубот има потреба од пари “, коментира Солдадо.

Во моментов напаѓачот е на четвртото место на листата на стрелци во Примера со 21 постигнат гол. Пред него се Радамел Фалкао (Атлетико Мадрид) со 28 гола, Кристијано Роналдо (Реал Мадрид) со 34 и Лионел Меси (Барселона) со 46.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП