17 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРома испрати понуда од 33 милиони евра за Ријад Махрез

Рома испрати понуда од 33 милиони евра за Ријад Махрез

Калчолигашот Рома до Лестер испратил понуда од 33 милиони евра за крилниот напаѓач Ријад Махрез, објави „Скај Италија“.

Алжирецот ведбаш по завршувањето на минатата сезона побара од челниците на Лестер да му овозможат трансфер. Шпекулациите беа дека тој ќе остане во Премиер лигата, Арсенал покажува сериозен интерес, но на крајот, најверојатно, ќе заврши во Серија А.

Рома обезбеди пари за трансфери со продажбата на Мохамед Салах во Ливерпул, за сума од 42 милиони евра, но проблемот со доаѓањето на Махрез е тој што Лестер за својот играч бара 55 милиони.

„Скај Италија“ и лондонскиот таблоид „Сан“ тврдат дека Рома нема лесно да се откаже од Алжирецот и дека спортскиот директор Мончи се наоѓа на преговори со раководството на Лестер.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП