11 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИRBS постигна договор со САД по спорот за хипотекарните хартии од вредност

RBS постигна договор со САД по спорот за хипотекарните хартии од вредност

Британската банка „Royal Bank of Scotland“ (RBS) денеска соопшти дека постигнала вонсудско решение со американскиот регулатор за решавање на спорот по издадени од неа хартии од вредност обезбедени со хипотека на станбен имот пред финансиската криза.

Договорот предвидува „RBS“ да плати 5,5 милијарди долари, пренесуваат агенциите.

Договорот е склучен со Федералната финансиска агенција за живеалишта, надзорник на хипотекарните агенции „Fannie Mae“ и „Freddie Mac“.

Главниот извршен директор на „RBS“, Рос Макеван коментира дека веста е важен чекор во решавањето на проблемите наследени од минатото.

Чистата годишна загуба на финансиска институција за минатата година се зголеми над три пати до 6,95 милијарди фунти (8,7 милијарди долари или 8,2 милијарди евра) поради судските трошоци и трошоци за нејзиното реструктуирање.

„RBS“, која беше спасена од британската влада во текот на финансиската криза во 2008-ма година, ја забележа деветтата годишна загуба за минатата година.

За 2015-та година финансиската институција беше на „црвено“ со 1,98 милијарди фунти.

Банката од Единбург прецизира дека била погодена од судски трошоци за речиси 5,9 милијарди фунти главно поради улогата на финансиската институција во САД со станбената хипотекарна криза.

„RBS“ треба да направи и дополнителни трошоци за реструктуирање во вредност од 2,1 милијарди фунти во 2016-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП