28 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОВитоло од Севилја преку Лас Палмас ќе стигне во Атлетико

Витоло од Севилја преку Лас Палмас ќе стигне во Атлетико

Атлетико Мадрид го реализираше трансферот на Витоло од Севилја, кој првиот дел од сезоната, поради суспензијата која ја имаат „јорганџиите“, ќе ја мина на позајмица во Лас Палмас.

Атлетико ја активираше откупната клаузула во договорот на Витоло која изнесува нешто помалку од 40 милиони евра. Витоло ги мина медицинските тестови и потпиша петгодишен договор со Атлетико.

Витоло има 27 години, а кариерата ја започна токму на Канарските острови. Во кариерата за Лас Палмас и Севилја има одиграно 260 натпревари и постигнато 53 голови. Од 2015 година е репрезентативец на Шпанија, на 11 настапи има постигнато четири голови.

Витоло право за настап во дресот на Атлетико ќе стекне на 1.јануари 2018 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП