8 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОВардар ремизираше со Малме, победникот ќе се решава во Струмица (видео)

Вардар ремизираше со Малме, победникот ќе се решава во Струмица (видео)

Фудбалерите на Вардар одиграа 1:1 (0:0) во Малме против шведскиот шампион, во првиот натпревар од второто квалификациско коло во Лигата на шампионите.

Вардар одигра солиден натпревар на „Сведбанк“ арена во Малме и со доза на среќа успеа да остане непоразен во дуелот со шведскиот првак.

Првиот дел заврши без голови, иако и двата тима имаа свои шанси за отворање на резултатот. Најдобрата шанса во првото полувреме ја имаше вардаровиот напаѓач Балотели, но неговиот обид во 18.минута заврши во надворешниот дел од мрежата.

Првиот гол на мечот го постигна Бобан Николов во 63.минута. Николов по додавањето на Балотели биеше од работ на шеснаесетникот и со помош на дирекот ја погоди целта.

Малме израмни 12 минути подоцна кога Бросрон беше највисок во скокот и го совлада Гачевски.

До крајот на мечот Малеме се обиде да стигне до победа, а најдобрата можност ја имаше стрелецот на голот Бросрон, но неговиот удар во 94.минута заврши во гредата.

Реваншот ќе се одигра наредната недела во Струмица, а Вардар и со нерешен резултат без голови ќе оди во наредната рунда.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП